речник контакт

Викендов шест оздравени лица го напуштиле Инфективното одделение на велешка Болница, денес нема нови случаи позитивни со ковид-19

Хоспитализирани на Инфективно одделение се 14 случаи а активни во Велес се водат 55 лица

Петар Печков

Викендот шест лица заминале од Инфективното одделение на Општа Болница Велес, како оздравени. Со тоа вкупната бројка лица заоблени со корона вирусот  кои се водат како излекувани во Велес е 17, од 66 заболени а активни случаи се 55. 

Деновиве се испуштени од  инфективно одделение  шест пациенти,  откако  двата теста покажале дека се негативни.  Таму се хоспитализирани  14 случаи, од нив за еден се чекаат резултати - изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес. 

Според денешните резултати на министерот за здравство Венко Филипе,  во Велес нема позитивни случаи на ковид-19.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »