Петар Печков
Објавено: вторник, 16 февруари 2010
Ракометниот голман Виктор Гигов ( 31 год) следната сезона ќе настапува за екипата на Короса од Јужна Кореја. Откако изминатите два месеци тој беше на проба во оваа екипа, одигра повеќе официјални турнирски натпревари по што деновие потпиша договор и заминува за градот Чонг Џу од каде доаѓа неговиот нов клуб. Гигов задоволен од понудените услови реши кариерата да ја продолжи во Азија.
- Мојот клуб има високи апсирации во новото првенство кое започнува во април и брои 12 екипи. Тој во 2007-та беше првак, следната сезона беше трет а минатата година втор. Имаме одлични услови за работа, вистински професионализам. Наше е само да играме и освоиме трофеј. Таму се игра брз и офанзивен ракомет – изјави Гигов, пред заминување а дојде на кратко во Велес да си спакува куферите. Гигов ќе биде единстенстранец во екипата и еден од малкуте кои ќе играат во кореанското првенство. Корејците вложувале многу во овој спорт со цел да напредуваат на светската ракометна сцена, откако беа 12-ти, веднаш зад Македонија. на СП кое минатата година се одржа во Хрватска.
Тој една година паузираше и не настапуваше никаде, откако минатата година се врати од Грција а претходно играше во Исланд и Хрватска а во македонските екипи бранеше на голот на Борец, Младост и Тедико. Други двајца велешки ракометари играат во странство, Влатко Темелков во Германија во Вилштат, Горјан Анастасовски во Франција во екипата на Вилпант.
Tweet |