Петар Печков
Објавено: петок, 05 мај 2017
По барање на жителите на населбата Превалец и село Виничани, Македонски железници – инфраструктура обезбеди железнички стојалиште. Тие два месеци се во функција и обезбедуваат железнички превоз за патниците од овие населени места.
На жителите на Превалец од и за Велес и во правец кон Битола, додека за Виничани од и за Велес и во правец кон Гевгелија.
На постојката во Превалец застануваат три воза во правец кон Битола и три во правец кон Велес. На постојката во Виничани сопираат два воза за Гевгелија и исто толку кон Велес. И покрај напорите на МЖ да се обезбеди железнички превоз за патниците од овие две населени места, бројот на патници кои ги користат бил минимален.
Од неодамна Македонски железници го вратија во сообраќај брзиот патнички воз ,,Хераклеја експрес,, кој сообраќаше на релацијата Скопје – Битола и обратно, со запирања во Велес, Чашка, Богомила и Прилеп. Тој во Велес за Битола е во 17,52 додека за Скопје е наутро во 7,26ч.
Ноќниот експресен воз кој исто така сообраќаше од и за Битола, а беше стопиран според раководните луѓе на МЖ поради малиот број патници нема да биде вратен во сообраќај, се до новиот ред на возење во декември.
Tweet |