Петар Печков
Објавено: сабота, 27 април 2019
Со 6:0 (2:0) фудбалерите на ФК Борец го совладаа фенерџијата на Втората лига Исток, екипата на Саса од македонска Каменица. Со головите на Марко Ѓоргиевски два, Трајче Стојковски, Филип Петров, Ѓорги Ѓорѓиев и Симеон Христов велешани немаа сериозна задача да стигнат до трите бода. Така и по ова 23 коло, останува бодовната разлика од седум со второпласираниот Тиквеш од Кавадарци. Во следното коло гостува во Пехчево на Кит-Го кој е петти со 40 бода.
Заврши првенството во Првата футсал лига. За разделба дома сега веќе бившиот првак КМФ Велес го победи тимот на КМФ Астибо од Штип со 9:7. Велешани се втори а нов првак е КМФ Шкупи. КМФ Велес има амбиции да го освои Купот, каде следната недела во четврт-финалето игра со екипа на КМФ Мал Ајакс дома.
Се одигра и петтото коло од разигрувањето за опстанок во Супер лигата. Младинската екипа на ГРК Борец загуби во Струга од истоимената екипа со 41:23 (22:11). Велешани се последни без ниту еден бод. Во следното коло играат во Скопје со Вардар јуниор.
Tweet |