речник контакт

Високиот број ново заразени ја отвори модуларната ковид болница во Велес

Во неа, првиот ден од приемот се сместени 16 пациенти

Петар Печков

Високата бројка на ново заразени во велешко,  60 лица позитивни на ковид-19 регистрирани денес, беа причина да се отвори за пациенти модуларната ковид болница во Велес, која има капацитет од 47 кревети.  Зголемен е и бројот на згрижени пациенти во Општа Болница, на Инфективното и Интерното одделение.   

„Од денес во функција е пуштена и модуларната болница во истата има хоспитализирано 16 пациенти, додека   на  Инфективно   одделение се  32 а на Интерно десет пациенти.  На  кислородна поддршка се 21 пациент“ - кажа д-р Елеонора Јованова портпарол на Општа Болница Велес.

Бројот на хоспитализирани пациенти значително се зголеми во текот на изминатата недела,  но и покрај тоа болницата располага со доволно сместувачки капацитети и кадровски потенцијал се со цел успешно и континуирано справување со ковид пандемијата, објаснуваат од велешката Болница.

Иако при отворањето на модуларната Болница за ковид пациенти во Велес, на 20-ти февруари, министерот за здравство Венко Филипче најави дека за две три седмици ќе стигнат дигитален рендген парат и апарат за ехо дијагностика, нив се уште ги нема.  

 „Набавката на овие апарати касни поради блокадата од страна на опозицијата, во време на техничката Влада, за одобрување на заемот. Постапката е при крај, кога ќе стигнат апаратите ќе бидат дистрибуирани до сите вакви модуларни болници“- рече министерот Филипче, на денешната прес конференција.      

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »