Петар Печков
Објавено: недела, 17 јануари 2010
Висок одзив на младите велешанки за вакцинирање од ХПВ вирусот. Откако започна задолжителната вакцинација, која ја спроведува Службата за вакцинирање при ЈЗУ Медицински центар од Велес, вакцината ја примиле 320 девојки на 12 годишна возраст од 420 запишани во книгата на родени а кои имаат 12 годишна возраст.
- Засега имаме одлична реализација, секоја трета од четири девојчиња ја прими оваа вакцина. До крајот на учебанта година очекуваме дека ќе имаме уште повисок процент. Наспроти лошиот старт, кога родителите масовно одбиваа, сега состојбата радикално се смени. За оваа цел организиравме едукативни предавања на девојките со нивните родители со гинеколог, социолог, психолог шпто го даде овој резултат. Потребно е повеќе едкуација на родителите за полезноста од оваа вакцина и нема да има предрасуди и проблеми – изјави д-р Пандели Божиков раководител на Службата за вакцинирање при Медицинскиот Центар Велес. Бидјеќи наидуваат на висок дозив, тие засега не поднеле прекрошна пријава против родителите на некоја од девојките, кои се соочуваат со висока парична казна доколку не дозволат нивното дете да биде вакцинифрано од ХПВ вирус. Досегашните резултати покажале поголем одзив во селската средина каде имало реализација од 90%, отколку во градот Велес. Претходно, додека оваа вакцинација беше доброволна и се спроведуваше во Заводот за здравствена заштита, неа во Велес ја примиле 500 девојки, од нив 440 во 2008-та и 60 лани.
Вредно е да се спомене дека во овој период заврши имунизацијата од т.тн. свински грип а во Велес во Заводот за здравствена заштита досега се вакцинирале 644 лица. Тоа е даелку помалку од една Гевгелија каде има скоро илјада лица вакцинирано а многу повеќе од Неготино каде има само 86 лица кои превентивно примиле вакцина против Х1Н1.

Tweet |