Петар Печков
Објавено: понеделник, 12 јули 2021
Жителите на Лозово со висок одѕив за теренскта вакцинација, која започна денес. Утрово во осум часот тие имаа можност да ја примат првата доза на вакцина против ковид-19 во родното место. Во нивното населено место престојуваше екипа од Здравствен дом Свети Николе.
„Во период од два часа се вакцинира 42 лица, што е одличен одѕив. Имаше интерес, доколку некој бил спечен да дојде, ќе може да се вакцинира во Свети Николе, во Велес, или наредните денови кога ќе одиме на теренска вакцинација во соседните села Каратманово, Дорфулија, Сарамзалино. Се пушта вакцина „Синовак“ и лица добиваат покана за втора вакцина, по 21 ден - изјави д-р Весна Цветкова, началник на итната помош од Свети Николе, чија екипа ја спроведе вакцинацијата.
Теренска вакцинација имаше и во пет велешки села, Отиштино, Бањица, Раковец, Бусилци и Еловец. Од нив само во две села, Еловец и Бањица се вакцинирале вкупно 17 лица, додека во останатите немало интерес, бидејќи во Раковец живееле двајца а во Бусилци еден жител.
Затоа пак во вакциналниот пункт во Здравствен дом во Велес денес до 12ч. стотина граѓани побарале да бидат вакцинирани, без термин. Или продолжува зголемениот интерес кај велешани за заштита од корона вирусот. Во саботата вакциналниот пункт во спортска сала работеше прекувремено за да се задоволат потребите на граѓаните за вакцинација без термин.
Во продолжение од месецот, во овој вакцинален пункт ќе се пушта втора доза, додека сите што се без термин ќе примаат во Уред. Уште утре, таму ќе се пушта втора доза од „“АстраЗенека“ за лица над 70 годишна возраст.
Утре од 9 ч. теренската вакцинација продолжува во Општина Чашка, во Дреново, Горно и Долно Јаболчиште
Tweet |