речник контакт

Вишото обвинителство од Скопје со став дека Павлина Илоска не треба да одговара за убиството на нејзиниот партнер

Наспроти колегите од Основното јавно обвинителство Велес кои бараа да се укине ослободителната пресуда денеска на јавна седница во Апелацискиот суд во Скопје, Вишото јавно обвинителство се согласи со ослободителната пресуда побара отфрлање на жалбата на колегите од основното обвинителство

Петар Печков

Вишото Обвинителство од Скопје не се согласило со Основното Јавно обвинителство од Велес, кое поднело жалба за ослободителната пресуда на Павлинка Иловска. Таа беше обвинета за убиство  во миг, на нејзиниот партнер, а во Основен суд Велес и беше изречена ослободителна пресуда

„На ден 01.06.2022 година беа закажани рочишта по предметот ’Убиството во Велес‘ на која јавна седница пред Апелациониот суд Скопје јавниот обвинител од ВЈО Скопје предложи да се одбие жалбата на ОЈО Велес како неоснована“соопштија од Коалицијата „Сите за правично судење“.

Вишото обвинителство Скопје смета дека Основниот суд во Велес донел исправна одлука со ослободителната пресуда за велешанката Павлина Илоска.

Илоска, која била жртва на семејно насилство од партнерот со кого живеела во вонбрачна заедница, се гонеше за убиство во миг кое се случи кога таа во самоодбрана му нанесе рана со нож во септември лани.

Наспроти колегите од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Велес кои бараа да се укине ослободителната пресуда и предметот да се врати на повторно судење поради погрешно утврдена фактичка состојба, денеска на јавна седница во Апелацискиот суд во Скопје, ВЈО се согласи со ослободителната пресуда побара отфрлање на жалбата на колегите од основното обвинителство.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »