речник контакт

Владата подготвува новина, нема да се продолжува работниот стаж по исполнети години старост

Работниците едвај чекаат да заминат во пензија а некои го продолжуваат работниот век - кажа премиерот Заев

Петар Печков

Владата разработува законско решение, со кое ќе се укине праксата на дел од полициските службеници, да го продолжуваат работниот век, иако имаа бенефициран стаж, поради тежината на работните обврски.  Ова го најави премиерот Зоран Заев при престојот вчера во Велес, одговарајќи на новинарско прашање. 

Нека завршат математиките кои ги прават стручните служби и ќе има промени во Законот за пензионирање.   Владата го препознава овој момент,  полициските службеници кои поради тежината на работните задачи имаат бенефициран работен стаж, да го продолжуваат работниот однос. Со укинувањето на продолжувањето на работниот стаж,  ќе се отворат и нови работни места, за младите - кажа Зев. 

На ова  градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, дополни  дека и на просветните работници, не треба да им се продолжува работниот век, во интерес на младите, на што премиерот Заев потврди ,,да, да и за наставниците,,.  

Законското решение ќе претрпи промени. Работниците едвај чекаат да наполнат години и да одат во пензија, додека во некои струки тоа се продолжува.  Правиме пресметки, колку тоа ќе го чини пензискиот фонд. Кога тоа ќе го пресметаме, набргу ќе излеземе во јавноста со решение - додаде Заев. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »