речник контакт

Владата ќе субвенционира 400 денари за откупено јагне, сточарите незадоволни

За едно продадено јагне добивавме максимално 2,6 илјади денари а за истото јагне производната цена е 3,4 илјади - вели сточарот Митко Јанков од здружението ,,Агро центар,,

Петар Печков

Владата одлучи  да им субвенционира на сточарите, по 400 денари за секое откупено јагне, овчарите незадоволни. По реакциите и протестите кои одгледувачите на овци,  кои се случија  на почетокот од  годинава,  Владата на седницата во вторникот  донела одлука за  дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година.

За да  се намалат загубите на одгледувачите на овци и по предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се  воведе нова дополнителна подмерка за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет во висина од 400 денари за грло - пишува во соопштението на Владата. 

Одгледувачите на овци незадоволни од висината и велат по пет месеци откако беше ветена иако ваква мерка за прв пат била донесена а ја барале со години.

По протестот во Велес од 27 март, надлежните ветија дека решение ќе има   по завршувањето на вториот круг од Претседателските избори. Сега е пет месеци и потоа. Кога ги почнавме преговорите со Министерството за земјоделие во декември лани, бараме 800 денари од јагне, добивме 400.  Еве ја математиката. Производната цена на јагнето, според Институтот за сточарство е 174 денари.  Годинава цената на откупот се движеше од 120 до 130 ден. за кг. Тие се тешки помеѓу 15 и 20 кг. Или за едно продадено  јагне добивавме максимално 2,6 илјади денари а за истото јагне производната цена е 3,4 илјади. Затоа баравме 800 денари  за да се покријат трошоците. Со овие 400 што ги добиваме повторно сме во загуба - вели Митко Јанков сточар, претседател на здружението ,,Агро центар,,. 

Според неговата проценка, пролетва биле откупени помеѓу 200 до 250 илјади јагниња од Македонија. 

Мислат дека има многу пари во овчарството, а не знаат колку трошоци имаме. Еве волната со години не се откупува и завршува во ѓубре. Ни земаат 50-60 денари за стрижење а истата ја фрламе - рече Бајрам Муслиу од велешко Горно Јаболчиште.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »