речник контакт

Водата која ги поплави домовите на улица Даме Груев ја снема

Станарите убедени дека причината е дефект на водоводна мрежа на улица Кирил Пејчиновиќ кој бил санирана, по што и водите кои ги поплавија дел од собите се повлекле

Петар Печков

Од пред извесно време водата која ги поплави приземните простории на домовите од улица Даме Груев ја снема. По пет месеци откако таа се појави во десетина куќи, ја снема. Просториите сега се барут суви, но трагите од водата која се појави се видливи.  За овие води надлежните од ЈКП Дервен тврдеа дека се подземни, станарите дека е во прашање оштетена водоводна мрежа, а водата се појавува кај нив.    

Имаше дефект на улица Кирил Пејчиновиќ, цевка пукната и тоа од долна страна. Тоа е три улици над нашето маало, близу до Којник.  Откако таа цевката неодамна се санираше, кај нас, во нашите домови почна да се повлекува водата. Доаѓаа од ЈКП Дервен , откако водата сопре да земаат мостри, нешто да истражуваат за анализа. Велеа дека се подземни води од големите дождови, ами дождовите и  е престанаа ги има постојно и деновиве. Пет и пол месеци траеше нашата мака   - рече Игор Мишев еден од станарите на улицата Даме Груев. 

Во неговите приземни простории сега вода повеќе нема, но затоа е присутен мирисот на мемла и траги на ѕидот до каде водата дошла. Друг сосед веќе започнал со обнова на подот од домот, за да ја уреди собата за живеење.  Кај Трајче Димитровски  водата се собираше во подрумските простории, според неговите пресметки тој за овој период испумпал околу 500 тони вода.  За да се провери од каде доаѓа водата, во дел од улиците кои гравитираат кон Даме Груев водата била сопрена една ноќ. Трајче добил задача да мери колку водата ќе опадне по затворањето на вентилите.

На 5-ти јуни беше запрена водата за нас домаќинствата, 12 часа но не се почувствува некое силно намалување на дотекот на вода во подрумот. Само 0,1 литар. Тоа беше доволно од ЈКП Дервен да заклучат дека не било до водоводната мрежа.  По неколку дена тие наоѓаат дефект на ул. Кирил Пејчиновиќ  на салонитна цевка Ф 150 и го санираат. Тоа беше на 7-ми јуни. Од тој ден постојано    започнува намалување на водата во моите подрумски простории.  Нивото опадна за 3 мм, па 7мм, 17 мм , 33мм,  42 мм, па пет дена по 55 мм на ден. На 18 јуни во подрумот има само 2 см вода а беше 50 цм. Сега ја нема . Нека заклучил јавноста дали беа подземни води или од пукнатата цевка што беше над нашиот реон - додаде Димитровски.

Станарите најавуваат тужба до ЈКП Дервен за надомест за штета, од водата која им ги наполни дел од просториите во нивните домови. Тоа се десетина куќи на ул. Даме Груев.   Од ЈКП Дервен  негираат дека причината за водите во домовите на жителите е  дефект на улица Кирил Пејчиновиќ.

Тоа е дефект кој се случил неодамна а таму водите се појавија подолго време.  Наши екипи анализираат од каде може да биде водата, која деновиве ја снемало - велат од ЈКП Дервен. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »