Петар Печков
Објавено: четврток, 18 јуни 2020
Природните чешми среде Башино село и таа во Шорка се исправни и тие се препорачуваат за пиење. Како најчесто користени од населението Центарот за јавно здравје до Велес, според извршените тестирања во месец мај, дава позитивна оценка за нивно користење. Останатите природни чешми, кои тие ги анализирале не се бактериолошки исправни, и не смее водата за се користи за пиење.
Водата од природнитa чешмa во Башино село според последнитe извештаи е безбедна за пиење. Tаа во Шорка има периоди кога е неисправна, но во овој период е квалитетна - изјави примариус д-р Снежана Петрова, специјалист по хигиена.
За разлика од овие две чешми, не се препорачува чешмата Пузево трло, која ја користи населението од населбата во околината. Се препорачува водата од водоводите во село Караслари, село Иванковци, село Мамутчево, село Сујаклари.
Според резултатите од последните извештаи од извршените анализи за здравствена безбедност на водата за пиење од природните чешми, Центарот за јавно здравје – Велес дава стручно мислење дека во најголем дел од испитаните примероци, водата за пиење не соодветствува на прописите за бактериолошка анализа поради зголемен број на индикатори на фекално загадување.
Оваа вода не може да се користи како вода за пиење. Тоа се однесува на природните чешми во село Мамутчево, село Кумарино, село Сујаклари. Не се препорачуваат - Петрова чешма, Бојаџиина чешма, Чука.
На листата на природни чешми кои се загадени се и во село Караслари - чешмата во турското маало, чешмата кај продавницата, чешмата сред село, во село Иванковци -чешма на крај од селото, Џани чешма, Мути чешма. Не одговараат на стандардите и водата од водоводите во селата Отовица и Башино село.
Tweet |