речник контакт

Водата од три селски водоводи и четири природни чешми во Велес не се за пиење

Hиту една од седумтте испитаните води не се препорачува за пиење

Петар Печков

Извештајот за здравствената состојба на водата за пиење од природните чешми во Велес и велешко покажува дека ниту една од испитаните не се препорачува за пиење. Ова го покажаа резултатите од анализата на Центарот за јавно здравје Велес, извршена на седум природни чешми или селски водоводи.

Анализата е по нарачка од Министерството за здравство, годишно да се  испитува квалитетот на водите за пиење во велешко, со тоа што бројот на анализи е определен за одделени природни чешми и не се врши постојано за истите .   Испитувањата се извршени на  22 јануари, 3 и  23 февруари.  

Водата од водоводот во Башино Село НЕ ОДГОВАРА на законските и стручни прописи за бактериолошка анализа заради зголемен вкупен број на аеробни бактерии. Потребно е да се воспостави редовна дезинфекција на водата за да може да се користи како вода за пиење.

Водата од водоводот во село Кумарино НЕ ОДГОВАРА на законските и стручни прописи за бактериолошка и физичко-хемиска анализа заради зголемен вкупен број на аеробни бактерии и присуство на бактерии индикатори на фекално загадување на водата и поради присуство на нитрати. Потребно е да се изврши асанација на објектот и околината и да се воспостави редовна дезинфекција на водата за да може да се користи како вода за пиење.

Водата од природната  чешма во Кумарино НЕ ОДГОВАРА на законските и стручни прописи за бактериолошка и физичко-хемиска анализа поради зголемен број на аеробни бактерии и присуство на бактерии-индикатори на фекално загадување на водата и поради присуство на нитрати. Потребно е да се изврши асанација на објектот и околината, а водата да се преврива доколку се користи како вода за пиење.

Водата од природната чешма Петрова  НЕ ОДГОВАРА на законските и стручни прописи за бактериолошка  анализа поради зголемен број на аеробни бактерии и присуство на Escherichia coli-индикатор на фекално загадување. Потребно е да се изврши асанација на објектот и околината, а водата да се преврива доколку се користи како вода за пиење.

Водата од природната чешма на ул. Орце Мартинов НЕ ОДГОВАРА на законските и стручни прописи во однос на испитаните параметри за физичко-хемиска анализа заради зголемена содржина на нитрати.

Водата од природната чешма Пузево трло НЕ ОДГОВАРА на законските и стручни прописи за бактериолошка и физичко-хемиска анализа заради зголемен вкупен број на аеробни бактерии и присуство на Escherichia coli индикатор на фекално загадување на водата и поради присуство на нитрати.

Водата од природната чешма Тодор Јанев НЕ ОДГОВАРА на законските и стручни прописи за бактериолошка анализа заради зголемен вкупен број на аеробни бактерии во 1 ml, најверојатен број колиформни бактерии во 100 ml и присуство на Escherichia coli-индикатор на фекално загадување на водата. Потребно е да се изврши асанација на објектот и околината и да се воспостави редовна дезинфекција на водата за да може да се користи како вода за пиење.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »