речник контакт

Воените инвалиди од 2001-та бараат споменикот на Ќосето да се донесе во родниот Велес

Наместо во депо, да бил поставен во Велес

Петар Печков

Здружението на воените инвалиди од 2001 од Велес,  бараат споменикот на  Андон Лазов Јанев Ќосето да се донесе во Велес, оти е  велешанец. Тие  во соопштението ги замолуваат членовите на  Советот на Општина Велес , овој споменик кој неодамна беше  отстранет од пред Врховен суд во Скопје, да биде донесен во родниот град. 

Како Здружение донесовме  одлука споменикот на Ќосето да се донесе во Велес и да се постави на соодветно место. Андон Лазов Јанев Ќосето е  еден бестрашен лик,  револуционер кој го заштитувал народот од  предавниците. Велешани  ќе бидат задоволни ако тука се донесе, со одлука на  Советот на општина Велес- пишува во соопштението. 

Од  Здружението на воените инвалиди од 2001  објаснуваат дека  делото на  Ќосето  било криено од  страна на  комунистичкиот режим,  а  Лазо имал високи морални вредности и тој не се борел со мастило и перо, туку со оружје в рака.

Споменикот на Андон Ќосето е  отстранет по налог  градежниот инспекторат на општина Центар, а по извршениот увид и утврдената фактичка состојба дека немало решение за негово поставување.

Андон Ќосето е роден во 1855 година во село Голозинци општина Чашка. Во јавноста е познат како ,,Касапот,,  и дека си го убил својот брат а преку неговиот   лик се гради култура на најцрни пресметки, поделби, одмазди, тензии и погубни национализми.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »