Петар Печков
Објавено: среда, 03 јули 2024
Во текот на вчерашниот ден, вторник, била спроведена превентивна активност под мото „Вози одморен, вози безбедно“. Таа е реализирана на автопатот А-1 Велес-Градско, близу наплатната рампа Виничани.
„Во непосредна комуникација на возачите им беше укажувано за важноста да го управуваат возилото одморени, бидејќи заморот и падот на концентрацијата се чести причини за предизвикување на сообраќајни незгоди. Им беше укажана за потребата од доследно почитување на законските прописи за управување со возило, задолжителното носење на заштитен појас, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот“ – соопштија од МВР.
Превентивната активност била спроведена од страна на полициските службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР-Велес. Исто така на возачите им бил поделен и едукативен печатен материјал наменет за учесниците во сообраќајот.
фото МВР
Tweet |