речник контакт

Возач излетал од автопат починал на лице место, камионџија удрил велосипедистка тешко ја повредил

Во камион на автопат кај тунелите кај Демир Капија пронајдени 38 мигранти , кои платиле по 4 илјади евра за транзит до Запaдна Европа

Петар Печков

Четвртокот напладне  во 13,00 часот на автопатот од Скопје кон Велес, веднаш по првиот тунел се случила сообраќајна незгода  во која има еден починат.

Н.Т.(69) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Цитроен Берлинго“ со скопски регистерски таблици изгубил контрола над возилото кое излетало од патот и паднало во провалија. Во незгодата од здобиените повреди на самото место починал Н.Т., а со телесни повреди се здобил сопатникот М.Н.(66) од Скопје кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница„Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. По Наредба на Јавен обвинител  телото на починатиот било предадено за обдукција - информираа од МВР.

Четвртокот наутро во 08,40 часот на локалниот пат Скопје-населба Илинден, во близина на Хиподром велешанец кој управувал камион удрил во велосипедистка која е тешко повредена.

Товарно моторно возило “Мерцедес“ со скопски рагистерски таблици управувано од Д.Д.(33) од Велес удрил во велосипед управуван од С.Ј.(71) од Скопје. Во незгодата со повреди се здобила С.Ј. која  со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар и биле констатирани  тешки телесни повреди и била задржана за понатамошно лекување - информираа од МВР.

 Вчера рано утро Вчера (17.04.), околу 4,30 часот, на регионалниот пат  Гевгелија-Скопје, во комбе  “Форд Транзит“ во близина на базата на “Актор“ пред тунелите кај Демир Капија откриени се 38 мигранти -35 од Пакистан и тројца од Индија.  

Откако полициските службеници го забележале товарното возило со велешки регистарски таблички во близина на м.в. “Арсови лаки“ и  дале знак за запирање, возачат не запрел туку продолжил да се движи кон тунелите кај Демир Капија. Полициската патрола поради сомневање се упатила по товарното возило и по извесно време возилото е пронајдено, оставено и без возач, со мигрантите сместени во товарниот дел од комбето. Со проверки е констатирано дека возилото имало лажни регистарски таблички. Со мигрантите кои биле на возраст од 17 до 41 година извршен е разговор, при што е констатирано дека тие илегално пешки влегле во  Македонија од Грција во текот на претходната ноќ, а со помош на лица, исто така, мигранти. Истите  биле  со намера илегално да транзитираат преку Македонија, Србија, до западноевроските земји, а за цена од околу 4.000 евра, поединечно, до крајната дестинација. Набрзо по влезот во земјава во близина на македонско-грчката граница се качиле во товарното возило. Се работи на целосно расчистување на случајот и откривање на инволвираните лица - пишува во информацијата на СВР Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »