речник контакт

Возач на камион паднал во провалија во кавадаречко и починал

Возач на трактор на ул. Сареавска удрил во ѕид и тешко се повредил

Петар Печков

Од денешниот билтен на велешката полиција два настани, каде возачите настрадаа, еден и почина. 

„На 30 јуни  во СВР Велес е пријавено дека околу 18:30 часот на ул. „Сараевска“ во Велес, трактор „имт“ со приколка, со велешки регистарски ознаки, управуван од С.И.(50 год) од село Бузалково, велешко, излетал од улицата и удрил во ѕид од куќа“ – информира Ана Милевска Ѓоргиева, портпарол на СВР Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес. 

„Примен е пациент кај кого по извршени снимања констатирана скршеница и поради карактерот на повредата пренсен на лекување во Клинички во Скопје“ – кажа д-р Анамарија Џунџева портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.

Вчера напладне во кавадречко село, додека управувал камион, возачот паднал во провалија и починал. За да се извади телото од бездната, побарана помош од „Тигрите“.  

„На 30 јуни во СВР Велес е пријавено дека околу 13:00 часот во близина на село Мрежичко, кавадаречко, при истовар на земја од товарно возило „ман“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.К.(56) од Кавадарци, возилото се превртело и паднало во провалија. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал И.К., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци. Од страна на алпинистички тим од Специјалната антитерористичка едница „Тигар“, Територијалната противпожарна единица Кавадарци и полициски службеници од ОВР Кавадарци, телото на починатиот и возилото биле извлечени од провалијата“ – соопшти МИлевска Ѓоргиева. 

По наредба на јавен обвинител телото било предадено за обдукција во Институт за судска медицина.

фото интернет

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »