Петар Печков
Објавено: среда, 29 јули 2026
Неделата попладне сообраќаен инцидент со смртни последици по возачот. Се случил во атарот на село Уланци. Деталите од информацијата на велешката полиција.
„На 25 јули во СВР Велес било пријавено дека околу 18:00 часот кај место викано „Србиново“ во атар на село Уланци, општина Градско, С.Л.(81 год ) од Градско, управувајќи трактор со приколка , изгубил контрола и со тракторот излетал од патот. Од здобиените повреди, С.Л. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“ – соопштија од СВР Велес.
Увид на местото извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
фото архива ТрМр
| Tweet |




