речник контакт

Волонтерите на Црвен крст Велес делеа вода за минувачите

Се потсетуваат граѓаните на важноста од внимателно и превентивно однесување во периодот на високи температури

Петар Печков

Волонтерите на Општинска организација на Црвен крст  Велес повторно се на терен со превентивна активност за заштита од високите температури. 

Членовите на Клубот на млади делат флаширана вода и информативни материјали со препораки за заштита од топлотниот бран. Тие ги  потсетуваат  граѓаните на важноста од внимателно и превентивно однесување во периодот на високи температури.

Препораките се

Пијте доволно вода

Заштитете се од директно сонце

Избегнувајте излегување во најтоплиот дел од денот

Грижете се за себе и за најблиските

 фото ОО Црвен крст Велес

АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »