речник контакт

Волонтерите на Црвен крст Велес помагаат на високите температури на минувачите по градските улици

Мобилниот тим составен од тројца волонтери со едно возило патролираат по главните градски сообраќајници

Петар Печков

Волонтерите на Општинската организација на Црвен крст Велес реализираат превентивна активност за заштита од топлотниот бран. 

Младите волонтери делат флаширана вода и информативни флаери, со препораки за заштита од високите температури. Целта е подигнување на јавната свест и поттикнување на превентивно однесување.

За време на активноста ги потсетуваат граѓаните на Велес за мерките кои се важечки во овој период.

Мобилниот тим составен од тројца волонтери со едно возило патролираат по главните градски сообраќајници. 

Фото Општинска организација на Црвен крст Велес 

АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »