Петар Печков
Објавено: петок, 27 септември 2019
Трета година по ред, тимот на вработените во Хенкел помага да се изградат нови домови за семејствата со ниски примања во Велес. Овој септември, тим од 22 вработени кои доаѓаат од Германија работат заедно со Хабитат Македонија.
Преку својата соработка со Хабитат за човештвото, Хенкел придонесува кон подобрување на животите на локалните заедници. Компанијата Хенкел во соработка со организацијата за помош Хабитат Македонија пред три години започна работна акција за изградба на станбена зграда за социјално загрозени семејства во Велес.
Со желба да помогнат на оваа иницијатива за помош на семејствата, 22 вработени лица во Хенкел дадоа свој придонес учествувајќи во изградба на дел од зградата.
Македонија е земја со ладни зими и поради тоа е јасно дека добрата изолација има значајна улога во секој дом. Меѓутоа, над 15% од сите домови имаат потреба од реновирање, а околу 70% се несоодветно изолирани. Корисен простор за живеење кој овозможува нормални услови за живот е главна цел на Хабитат Македонија, меѓународна организација за помош која поддржува повеќе од 13,2 милиони луѓе ширум светот од основањето во 1976 година со околу 1,3 милиони градежни проекти. Бидејќи без тоа, семејствата се во маѓепсан круг – со негативни последици по здравјето, образованието, животната средина и на крајот самодовербата, објаснува Рилинд Јегени, координатор на Хабитат Македонија
Основата на зградата со вкупно 12 станови беше поставена од вработените на Хенкел минатата година, а задача на последната група вработени беше во рок од пет дена со заеднички сили да изградат што поголем број внатрешни и надворешни ѕидови. Во тек на оваа работна акција беа направени и бетонски греди и дрвена покривна конструкција.
Многу сум задоволна што успеав да учествувам во овој прекрасен волонтерски проект на Хабитат Македонија преку Фондацијата Фриц Хенкел. Со одлични колеги од различни области, се запознав со земјата, луѓето и градежните работи во Македонија, вели Ана Хенце, инженер за продажба во деловната единица „Адезиви Технологии“.
На крајот на патувањето, тимот на Хенкел посети едно семејство кое живее во една од петте завршени станбени згради.
Останува чувството на благодарност, со мал придонес за одржливо подобрување на животот на луѓе кои имаат потреба за тоа. За да им се овозможи социјално прифатлив живот – градиме ѕидови за солзи радосници, велат од тимот на Хенкел.
Претходно во месец август, работеа два тима на волонтери кои дојдоа од Шведска и Канада.
Tweet |