Петар Печков
Објавено: петок, 15 мај 2020
По неколку часовна консултација на седницата на Советот за безбедност, претседателот Стево Пендаровски соопшти дека донел одлука да прогласи нова вонредна состојба во траење од 14 дена, а не во траење од 30 дена како што побара Владата.
Министерот за здравство претходно побара продолжување на вонредната состојба, а Владата предложи продолжување од 30 дена.
Дел од мерките кои ги предложуваме важат за вонредната состојба и важно е да важат и понатаму, во однос на рестрикциите и уредбите - рече министерот Филипче.
Првата вонредна состојба беше прогласена од 18 март, а втората на 17 април, поради состојбата со ковид-19. Владата на денешната седница донесе заклучок да достави предлог до претседателот на државата за продолжување на вонредната состојба за уште 30 дена.
Tweet |