речник контакт

Вонредно се чистеше брегот на река Вардар

Собрани се седум трактори отпад и градежен шут

Петар Печков

Деновиве вработени од комунална хигиена, при ЈКП Дервен, вонредно  го чистеа брегот на реката Вардар во централното подрачја.  Ова е трет пат како се чисти овој простор, претходно последен пат се чистел во април.

По налог на Општина Велес кејот на реката Вардар се чисти од насобран отпад и отпадоци. Трет пат годинава се чисти кејот на река  Вардар од насобран отпад и отпадоци. Собрани се пет трактори  - 25м3 отпад и отпадоци и два трактори - 10м3 градежен шут - информираа од ЈКП Дервен.  

И покрај апелите дека овој простор не е депо за отпад, дел од минувачите, граѓаните таму го фрлаат сметот. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »