речник контакт

Вонредно чистење на Дервенскиот поток (фото)

Собрани се пет трактори смет. Дел од граѓаните продолжуваат со лошата пракса за фрлање на отпадот во отворениот канал

Петар Печков

ЈКП Дервен по реакциите на граѓаните, започна со акција за чистење на потокот во месноста Дервен. Ова е вонредна акција, откако несовесни граѓани дел од домашниот смет го фрлаат во отворениот канал. Денес биле собрани пет трактори смет а акцијата продолжува и наредните денови

„Денеска се чистеше од почетокот на потокот до игралиштето, вклучувајќи го и игралиштето. Акцијата ќе продолжи наредните денови со комплетно чистење на каналот на ул. Нада Бутникошарева до слив на  река Вардар“ - соопштија од ЈКП Дервен.

Од велешкото комунално претпријатие ги потсетуваат граѓаните кои живеат во овој дел на градот, да ги почитуваат термините за исфрлање на сметот и да се придржуваат до комуналниот ред. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »