Петар Печков
Објавено: среда, 06 ноември 2019
Денес на пладне, околу 13ч. извршено е разбојништво над експозитурата на Пошта, близу Градскиот пазар, дознава ТрМр.
Според очевидци еден разбојник, маскиран со качулка, вооружен влегол во просторијата и под закана по животот на вработените, со пиштол ги одзел парите и побегнал.
Од СВР Велес го потврдија грабежот а повеќе детали најавија за утре.
Tweet |