Петар Печков
Објавено: вторник, 04 октомври 2022
Развојното советувалиште при ЈЗУ Здравствен дом Велес доби донација од Југо Источната Европска бригада, (SEEBRIG) со седиште во Куманово.
Војниците од оваа единица за децата со типичен и атипчен развој од градот, доделија реквизити за работа со нив. Тоа се графо-моторни, едукативни материјали за фина моторика.
Донацијата на директорот на ЈЗУ Здравствен дом Ристе Богоевски му ја врачи бригадниот генерал Евангелос Митроцикос
Војниците од SEEBRIG се од шест Балкански држави Албанија, Бугарија, Грција, Романија, Турција и Македонија.
Тие овој период изведуваат вежба, која се реализира во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ и една од целите на нивниот престој во Велес била да помогнат на некоја ранлива група од Велес.
Tweet |