речник контакт

Војниците појадокот го даруваа за гладните деца

Доброволците на АРМ поделија 720 маренди на сиромашните деца од ОУ Блаже Конески

Петар Печков

На ден пред заминување, војниците доброволци на АРМ кои ја служат воениот рок во велешката касарна Алексо Демниевски Бауман, решија појадокот да им го поделат на децата од ранливите групи, кои настава посетуваат во ОУ Блаже Конески. На тој начин тие  на стотина  деца  поделија 720 појадока, бидејќи храната ја добиваа и по цели семејства.

Така шеснаесетата генерација војници на АРМ реши да го заврши нивното војникување и да се прости со пушката и војничкиот кревет. Откако утре си заминуваат дома, тие еден ден се дружеа со децата основци и им одговараа на нивните прашања за војската.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »