Петар Печков
Објавено: петок, 04 декември 2020
Од почетокот на седмицата, припадниците на АРМ и МВР се вклучија во обезбедувањето на здравствените институции, а откако Владата прогласи вонредна состојба.
Во Велес четири лица, по двајца полицајци и двајца војници се грижат за редот во велешката Болница.
Тие се наоѓаат на влезот од зградата на Болницата и двете одделенија кои се времен ковид пункт, пред Инфективното и Физикалното.
Иако од општинскиот кризен штаб се најавуваше дека ќе се побара припадниците на АРМ да се вклучат во дистрибуцијата на боците со кислород, таа можност отпаднала, бидејќи меѓу обврските што можеле да ги извршуваат, таква немало.
Tweet |