Петар Печков
Објавено: четврток, 18 април 2019
По повод 15-ти април – Денот на командата за обука и доктрини, припадниците на Армијата стационирани во велешката касарна ,,Алексо Демниевски – Бауман,, донираа хуманитарна помош за лица и семејства кои се во социјален ризик.
Хуманитарната помош се состоеше од пакети со храна, средства за хигиена, училиштен прибор и облека. Тие се обезбедени со доброволни прилози од старешините, професионалните војници, доброволците и граѓанските лица кои работат во велешкиот гарнизон.
Пакетите се предадени во Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес, а истите се распределени на оние на кои име се најпотребни.
Со овој чин АРМ само ја потврди хуманоста, бидејќи и претходно тие соработувале со Црвениот крст и донирале помош. Очекуваме нивниот пример да го следат и останатите организации - објавија од велешкиот Црвен крст.
Tweet |