речник контакт

Во АК Вардар од Градско почна жетвата на јачменот

Собрани првите снопови на лебното жито

Петар Печков

АК Вардар во Градско почна   жетвата на јачменот, паднаа првите снопови на лебно жито. На околу илјада хектари површина  колку што е засеани со јачмен и пченица, прво започна жетвата на јачменот.  

Вообичаено во регионот на Градско први  во  Македонија започнуваат со оваа  земјоделска работа, оти територијата е со високи температури и ниски количества на  врнежи. 

Не би можеле да зборуваме колкав е приносот, оти штотуку влеговме по полињата. Неблагодарно е сега да се каже,  ова се првите собрани количества – велат од АК Вардар од Градско.  

Половината од собраните количества на јачмен  и пченица тие ќе ги користат за нивната фабрика за сточна храна,   како храна за овците, додека втората половина ќе се продава на мелничката индустрија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »