Петар Печков
Објавено: среда, 08 јули 2020
Вчера на пладне околу 13ч. пронајден леш во Вардар. Го пронашол рибар кој веднаш ја известил полицијата.
Телото на маж, кое било во фаза на распаѓање, било пронајдено близу некогашната фабрика ХИВ, во месноста Грнчишки лаки, во густ со гранки непристапен терен.
Од СВР Велес ја потврдија информацијата а од Основното јавно обвинителство Велес информираа дека телото било испратено на обдукција, за да се констатира причината за смртта.
Останува потоа врз основа на облеката, карактеристиките на телото и пријавените лица кои се водат како исчезнати, да се идентификува.
фото архива ТрМр
Tweet |