Петар Печков
Објавено: петок, 08 декември 2017
За неполн месец дена, во Велес се собрани повеќе од 8 тони електричен и електронски отпад. Акцијата започна на 10-ти ноември и требаше да заврши на крајот од месецот, но таа продолжува до крајот на годинава.
До вчера, среда, собрани се 1,894 кг, електричен и електронски отпад и од физички и од правни лица. Поради голем интерес кај граѓаните, акцијата ќе продолжи до крајот на оваа година. Досега за 11 месеци соборани се 8.348кг – информираа од ЈКП Дервен. Освен велешките комуналци кои се ангажирани за собирање на овој смет, во акцијата се вклучени и Општина Велес и организацијата „Нула отпад Скопје“ .
Организаторот потсетува дека граѓаните можат да фрлаат како отпад од електрична и електронска опрема: големи домашни апарати, мали домашни апарати, компјутерска опрема, електронска опрема, опрема за осветлување, електрични и електронски апарати, електронски играчки и опрема, кабли, адаптери, полначи за мобилни телефони, батерии и акумулатори.
Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да учествуваат во акција можат да се јават на телефонскиот број 070/233-768 секој работен ден од 07:00 до 14:00 часот. Отпадот од електрична и електронска опрема ЈКП Дервен бесплатно го превзема од домови и при тоа на граѓаните им издава изјава за примопредавање.
Tweet |