речник контакт

Во Велес во петокот тешко се дишеше (фото)

Измерени високи концентрации на чад и прашина

Петар Печков

Во петокот во градот измерени се високи концентрации на прашина и чад. Така суспендираните честички со  големина помала од 10 мг.  Вчера достигнале до 124,7 мг на м3, што е за два и пол пати повеќе од максимално дозволената вредност 50 мг на м3 за 24 часа.  

Ова се податоци за мерното место Велес 2, во Нова населба, на апаратите на  Министерството за животна средина.    Или до вчера, дозволениот број на денови со повисоки концентрации од 35 а далеку надминат со  81 ден, во оваа 2016-та година.   Јаглен моноксидот, чадот вчера го имаше исто така во  мошне високи вредности. Во одредени интервали достигна и до 4,5 мг на м3 измерени на мерното место во Нова населба.  

Што се суспендираните честички со дијаметар помал од 10 микрометри (PM10) или прашина, кои вчера во Велес  ги имаше во високи вредности. Тие  може да продрат длабоко во респираторниот систем на луѓето. Штетните честички се емитуваат во атмосферата од голем број извори,  издувниот систем на возилата, греењето во домаќинствата, индустриските процеси, согорувањето на отпад од дворовите. Емитираните честички, исто така, со помош на воздушните струи може да се пренесат стотици километри од изворот на емисијата.

Концентрациите на PM10 во градовите особено во зимскиот период, постојано ги надминуваат граничните вредности за заштита на човековото здравје. Ова зголемување на концентрациите на честичките предизвикано е од различни типови извори на емисија заедно со непогодните метеоролошки услови. Сепак издувните гасови од сообраќајот и согорувањата од домаќинствата се меѓу најголемите придонесувачи.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »