Петар Печков
Објавено: петок, 01 февруари 2013
Во Велес и Велешко во текот на месец јануари се регистрирани 63 новозаболени граѓани од сезонски грип, но меѓу нив не е регистриран ниту еден случај на заболен од пандемски или свински грип, информира д-р Билјана Трајкова, епидемиолог во ЈЗУ Завод за јавно здравје во Велес.
Заболените од сезонски грип се на возраст од 15 до 64 години, мал број од нив се деца, а повеќето се возрасни. Трајкова вели дека состојбата со сезонски грип во Велес и велешко е вообичаена за овој зимски период од годината и е слична со истиот период во јануари минатата година.
Инаку во ноември и декември во Велес и регионот беа регистрирани само поединечни случаи на сезонски грип. Трајкова сепак ги предупредува граѓаните на претпазливост и заштита од болеста, избегнување контакт со заболен и посета на масовни собори, како и често миење на рацето и соодветна хигиена и проветрување на домовите, а со цел да се заштитат од болеста.
Во Велес измината есен со вакцина против сезонски грип доброволно и се вакцинирале околу 700 велешани, информират пд ЈЗУ Завод за јавно здравје
Tweet |