речник контакт

Во Велес еден ново заразен со ковид, оздравени нема

Бројот на хоспитализирани падна на 18 лица, позитивни или сомнителни на корона вирусот

Петар Печков

Изминатите 24 часa во велешко има еден случај на лцице ново заразено со кoвид-19, оздравени нема. Ова е информација која ја објави Институтот за јавно здравје. Во велешко има активни 72 случаи а досега биле заразен5.464 лица

 „На кислородна поддршка се пет пациенти. Испишани се шест пациенти како оздравени со  по еден негативен тест“ - кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.

Во велешка  болница  се  хоспитализирани 18 пациенти,  од кои  осум  се потврдени позитивни,еден  сомнителен и девет  пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.

На Инфективно  одделение се шест во Интерно четири и во  Модуларнате болница осум.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »