речник контакт

Во Велес има пријавено за гласање 69 болни а во Чашка 84 болни

Во Лозово има 13 а во Градско 46 пријавени болни за гласање

Петар Печков

Денес сабота за локалните избори 2025 гласаат болните, изнемоштените,  старите во домови, затворениците. Во ОИК Велес има пријавено 69 болен и изнемоштен на  33 избирачки места. Гласаат и лицата во домашен притвор а такви на избирачкиот список во ОИК Велес нема.  Гласаат и лица во затвор  и лица кои се сместени вон семјени установи.

На територијата на ОИК Градско гласаат 46 болни, на ОИК Лозово 13, и на територијата на ОИК Чашка 84 на 16 избирачки места. 

ТрМр веќе објави дека на територијата на Општина Велес има 44.950 гласачи  кои ќе гласаат на 83 избирачки места. Градско има  3.038 запишани гласачи кои гласаат на 11 избирачки места, Лозово – 1.905 со 9 избирачки места и  Чашка – 6.141 со 27 избирачки места каде се гласа. 

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »