Петар Печков
Објавено: вторник, 29 мај 2012
Бројката на заболени од рак во Велес е константна се движи околу 1142 лица, од нив 603 се жени и 539 мажи. Најмногу од нив една четвртина се случаи на рак на дојката, кој го има двапати повеќе од карциномот на дробовите и кожата, кои се на второ и трето место а потоа следи типично машка болест рак на простатата. Останатите видови на рак во градот се присутни во многу мал и низок процент.
Ова се податоците од Центарот за јавно здравје во Велес и од таму велат дека тие се движат во тие рамки во периодот во последните пет години, од 2007-ма до 2011- та година, со помали отстапувања. Од 260-те заболени велешани од рак на дојката има и 17 мажи. Според статистичките податоци во 2010-тата година во Велес починале 695 лица, од кои секој трет или 427 од болести на циркулаторниот систем а потоа следат неоплазмите со 20 отсто или секој петти велешанец починал од некој вид на рак.
Tweet |