Петар Печков
Објавено: среда, 18 март 2026
Полициски службеници од СВР Велес, во Велес и Чашка реализираа превентивни активности на темите „Има помош за живот без насилство“ и „Не биди нем сведок“, со цел спречување на појавата на секој вид родово базирано насилство.
„Во рамки на активностите беше ставен акцент на постапките и процедурите при појава на случаи на родово базирано насилство и достапноста на услугите за помош, заштита и привремен престој. Во непосредна комуникација, беа давани насоки и за тоа што можат граѓаните да сторат доколку се најдат во ситуација да бидат сведоци на одреден вид насилство“ – соопштија од МВР.
Од страна на полициските службеници била потенцирана важноста од навремено пријавување на сите облици на насилство, а поделен е и печатен едукативен материјал.
фото МВР
| Tweet |





