Петар Печков
Објавено: вторник, 15 март 2011
Институтот за јавно здравје на Република Македонија кој врши редовни мерења констатира дека не е забележано зголемување на нивото на радиоактивност во животната средина на територијата на Македонија.
Како што соопшти Институтот, измерените вредности на амбиенталниот дозен еквивалент (доза на јонизирачко зрачење) од станиците Скопје, Дебар, Кичево, Крушево, Охрид, Битола, Велес, Неготино, Берово, Струмица и Гевгелија се наоѓаат во интервал од 0,107 (микро) μСв/х до 0,182 (микро) μСв/х.
Мониторингот на брзината на амбиенталниот дозен еквивалент се врши континуирано, 24 часа на 11 мерни места (станици) рамномерно распоредени на целата територија на Македонија. Дозата се мери во интервали од пет минути кои што на Институтот му се веднаш достапни преку директни линкови.
Институтот за јавно здравје ја следи континуирано состојбата на радиоактивноста во животната средина како дел од редовните активности и согласно законските овластувања ќе ги извести надлежните институции и јавноста ако варијацијата на амбиенталниот дозен еквивалент биде над природниот радијациски фон.
Tweet |