речник контакт

Во Велес четири нови случаи со ковид-19, исто толку оздравени, министерот Филипче кажа- Инфективно одделение во Велес е полно

На Инфективно одделение има 30 пациенти, повеќето се од Свети Николе, има и од Кавадарци и Неготино

Петар Печков

Во Велес денес има четири нови случаи на позитивни на ковид-19 исто толку и оздравени, соопштија од Министерството за здравство. Со ова бројката на активни случи во велешко останува  36 лица.

Двајца од новите случаи се мажи, две се жени. Двајца се заразени од член на семејството а  другите двајца не знаат од кого се заразиле. Има и четворица оздравени, двајца се од домашно лекување и двајца пуштени од Инфективно одделение - соопштија од Центарот за јавно здравје Велес.

Досега во велешко има регистрирано 352 лица заразени со ковид-19, 300 оздравени и 16 починати. На Инфективно одделение хоспитализирани се 30 пациенти.

Од вкупниот број 28 се потврдено позитивни, двајца сомнителни, седум се на кислородна поддршка.  Во последните 24 часа приемни се пет пациенти, четворица од Велес, двајца се позитивни и двајца сомнителни, и примен еден  позитивен случај од Неготино -соопшти д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.

По информацијата дека на Инфективното одделение од велешката Болница има 30 пациенти,  Министерот за здравство Венко Филипче вели дека нема места за прием на нови пациенти со ковид-19 на Инфективното одделение  во Велес, исто и  во  одделенијата во Прилеп, Струмица и во Куманово. Кажа дека има слободни кревети во болницата во Кавадарци.   На инфективно одделение во Велес е регионално и има пациенти освен од Велес и  од Свети Николе, Кавадарци и Неготино.  Во велешко денес до утрово имаше 76 лица во изолација.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »