Петар Печков
Објавено: среда, 20 октомври 2021
Министерството за здравство го објави извештајот за состојбата со вакцинацијата за заштита од ковид-19. Процентот на опфатност во велешко порасна скромно од 50,9 на 52%. Ова се податоци заклучно со 17-ти октомври а претходните беа до 26-ти септември. За потсетување на 7-ми септември беше 49,1 отсто.
Со пресекот кој се однесува заклучно со 17-ти октомври во велешко биле аплицирани 27.194 прва доза вакцини и 26.191 втора доза. Ова се податоци освен за општина Велес и за соседните Градско и Чашка, но и дел до жителите на Лозово се вакцинираат во Велес.
Најмногу вакцинирани има во Неготино и Кавадарци со 66,3 и 65,3, Охрид 65,1 па Гевгелија со 62,4 и Ресен со 60,4 отсто. Од поголемите градови состојба е следна: Скопје 51,4, Битола 58,8, Куманово 38,11, Кочани 43,2 , Струмица 35,4, Тетово 44,0 Штип 54,4, Прилеп 52,3, Гостивар 34,8, Струга 45,0. Затоа пак во Берово 59,1 отсто или на територијата на цела Македонија опфатот вакцинација за заштита од ковид-19 е 48,4 проценти.
Последниот месец, помеѓу двата извештаи, интересот за вакцинација во Велес расте со низок процент од само еден отсто или интересот опаѓа, како што е и во сите други градови во земјава.
Tweet |