речник контакт

Во Ликовен салон изложени 82 илустрации за македонските бајки и прикаски, дела на Димитар Кондовски

Изложбата е извонреден албум, студија на ентериер

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Веелс отворена е единствена по содржина изложба на стрип цртежи со мотиви од македонски бајки именувана „Македонските бајки во светогледот на Димитар Кондовски“. Изложени се 82  илустрации дело на Кондовски, сопственост на фамилијата.

Илустрациите работени во темпера, се за детската едиција на прикаски, издадена од „Детска радост“ во 80-тите години на минатиот век.  Бајките се петто јазично издание, на сите јазици на народите од тогашна Југославија,  македонски, српско-хрватски, словенечки, албански и унгарски. Идејата била бајките да бидат достапни за територијата на целата држава, на поголема, поширока  читателска публика. 

 „Илустрациите се за изданијата на Детска радост во 1986 година. Тоа се бајки работени запишани од  Цепенков но и  сочувани од народот.  Изданието доживеало голем успех па во 1992 година, за библиотеката Росица прави реиздание на овие бајки. Со тоа што било со џиновски сликовници, со огромен формат. Оттогаш овие илустрации не се репринтани, или издавани. Во овие илустрации македонскиот бит е претставен до најситен детал. Преку нив имаме  одличен учебник за естетика, за македонскиот костим. Изложбата е извонреден албум, студија на ентериер, Кондовски  го гледаме во најдоброто издание Имаме богата палета на бои, на импресивни цртежи, на флора, животни, за етнологијата“ – кажа промоторката Јасминка Намичева која заедно со Филип Кондовски, синот на Димитар е автор на изложбата.   

Кондовски (Прилеп 30.09.1927 –Скопје 10.02.1993)  ги илустрирал бајките „Марко и самовилата“„Самовилското коњче“,„ Квачката и дванаесетте пилиња“, „Немата морска царица“, „Детето без страв“, и „ Светската убавица“, а во втората  едиција прикаските „Детето без страв“, „Немата морска царица“ „Сиљан Штркот“и „Детето со крилесто коњче“. Илустрации на Димитар Кондовски се инспирирани од бесценетите текстови од приказните на Марко Цепенков, Шапкарев и други народни раскажувачи. 

Изложени се  72 оригинала и десет копии, бидејќи 1986 година   во печатницатга „Гоце Делчев“ каде е печатено изданието 10 цртежи од „Детето без страв“  таинствено изчезнуваат. Делата се од приватната збирка на семејството Кондовски.  Тој по војната 1945 година започнува да работи во издавачката куќа „Култура“ да црта илустрации не само за детска литература и лектира туку и за книги. Има голем опус на илустрации за дела за секоја читателска публика.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »