речник контакт

Во Македонија подолг живот имаат луѓето кои живеат во село, отколку во град

Во пет региони има појава на негативен природен прираст, и тоа во: Вардарскиот, Источниот, Југозападниот, Југоисточниот и Пелагонискиот. Или таму има повеќе починати отколку живородени

Петар Печков

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија бројот на живородените деца во градските подрачја изнесува 12 841 дете или 59.0 % од вкупниот број живородени деца, наспроти 8 913 живородени деца или 41.0 % во селските подрачја. Најголемо учество, во однос на вкупнот број раѓања по региони, има Скопскиот со 35.6 %, а најмало Источниот регион со 6.7 %. 

Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања во градските подрачја изнесува 29.6 години наспроти 28.0 години во селските подрачја. Просечната возраст кај првите раѓања во градските подрачја изнесува 28.1 годинa наспроти 25.6 години во селските подрачја. При првото раѓање за 2.5 години е помлада мајката од селските подрачја. 

Бројот на умрени лица во градските подрачја изнесува 12 426 лица или 61.2 % наспроти 7 892 умрени лица или 38.8 % во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупнот број умрени лица, по региони, има Скопскиот со 28.3 %, а најмало Североисточниот регион со 8.0%. Бројот на умрените доенчиња во градските подрачја е 102 доенчиња, додека во селските подрачја изнесува 99 доенчиња.

Просечната возраст на умрените лица во градските подрачја изнесува 73.1 годинa наспроти 73.2 години во селските или поголема старост имаат лицата умрени во селските подрачја. 

Учеството во природниот прираст кај населението од градските подрачја изнесува 28.9 % наспроти 71.1 % од селските подрачја. Во пет региони има појава на негативен природен прираст, и тоа во: Вардарскиот, Источниот, Југозападниот, Југоисточниот и Пелагонискиот. 

Податоците за внатрешните миграции, во рамките на истиот регион, покажуваат дека најголемо учество од 35.6 % имаат меѓуселските преселби. 

Во вкупните миграции на ниво на регион од село во град, најголемо учество има Источниот регион со 46.2 %, додека во Полошкиот регион најголемо учество имаат меѓуселските преселби, кои учествуваат сo 58.7 %. 

Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот регион, 1 208 лица, а најмало во Североисточниот регион.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »