Петар Печков
Објавено: петок, 06 ноември 2026
Во компанијата Маркардт лоцирана близу Велес, се одржа крводарителска акција. Таа е прва и е по иницијатива на раководството.
„На акцијата беа собрани 48 крвни единици, а особено значајно е што дури 19 лица за првпат даруваа крв, со што дадоа свој придонес во обезбедувањето на потребните резерви на крв. Упатуваме благодарност до „Маркардт Македонија“ ДООЕЛ за иницијативата и покажаната општествена одговорност, како и до сите крводарители за нивното учество и поддршка“ – соопшти Орце Николов секретар на ОО Црвен крст Велес.
Акцијата ја реализираше Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Велес, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина.
фото ОО Црвен крст Велес
| Tweet |






