речник контакт

Во ОУ Блаже Конески ќе се реновираат санитарните јазли со средства од УСАИД

Училиштето е избрано меѓу 200 апликанти - училишта од земјава. Обезбедени се 1,83 милиони денари

Петар Печков

Од вкупно 195 апликации на основните и средните училишта од 66 општини, ООУ „ Блаже Конески“ од Велес беше избрано меѓу дванаесетте училишта кои ќе добијат финансиска поддршка за реновирање на училиштето.

Во училиштето со добиените средства ќе се реновираат санитарните јазли.  Оваа активност е во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, Компонента 3-Стимул за училиштата/Реновирање, во која учествуваат сите основни и средни училишта од сите општини во Република Северна Македонија. Вредноста е до 1.200.000 денари. 

Благодарност до УСАИД  што реши да не поддржи, но и до локалната власт, која реши наместо со бараните 300 илјади да финансира двојно повеќе, со што  влијаеше да бидеме меѓу дванаесетте училишта на кои ќе им се помогне финансиски. Претходно веќе со помош на локалната власт ги променивме вратите во ве-цињата - кажа директорот Јованче Манасков.  

Општина Велес одлучи да учествува со сопствено учество од 600.000 денари а училиштето со 30.000 денари за изведување на активностите. Во училиштето настава посетуваат 1.130 ученици и стотина професори. Реновирањето треба да заврши до почетокот на наредната учебна година. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »