Петар Печков
Објавено: четврток, 13 септември 2018
Градоначалникот на Велес Аце Коцевски на прес конференција истакна дека Локалната власт на Општина Велес со добро менаџирање на финансиските средства остварила заштеда во Буџетот. Тој посочи дека реализираните приходи во вториот квартал од 2018 година, споредбено со истиот период минатата година, се поголеми за 1,99 отсто, додека реализираните расходите се помали за 0,18 отсто.
Репрезентацијата е за 93 отсто помала, горивото за 41 отсто и патните расходи за 31% помалку. Заклучокот е едноставен дека се работело чесно, одговорно и домаќински со што сме постигнале добро менаџирање со финансиските средства и сме оствариле заштеди во буџетот. Тоа се средства кои наместо ненаменски да се трошат се искористени за проекти за подобро квалитетно живеење на граѓаните на Општината - изјави Коцевски.
Реализираните капитални приходи во вториот квартал годинава изнесувале 14.347.359 денари, односно 20,25 отсто, што е за 13,81 отсто повеќе, споредбено со истиот период минатата година кога реализираните капитални приходи изнесувале 6.477.161 денари, односно 6,44 проценти. За истиот период, реализираните капитални расходи изнесуваат 16,39 отсто, што е за 8,07 отсто повеќе, во споредба со истиот период 2017 година, кога изнесувале 8,32 отсто.
Tweet |