Петар Печков
Објавено: петок, 06 декември 2019
Заврши хуманитарната акција која во изминативе денови се реализираше за помош на настраданите во земјотресот во Албанија.
Хуманите граѓани даруваа 64.330 денари. Овие средства преку Фондот за солидарност ќе бидат наменети за најпогодените во катастрофата.
Акцијата ја реализираа волонтерите на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес со помош на Општина Чашка.
Во овие средства се вклучени и тие што се собраа од минатонеделната викенд акција, кога на плоштад Сармаале се собираше помош од велешани, наменета за настраданите од земјотресот во Албанија.
Tweet |