Петар Печков
Објавено: петок, 08 ноември 2024
Во подрачната единица на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, во Велeс нема доволно кадар. Порaди тоа има проблеми со редовното извршувње на работните задачи а трпат коприсниците. Ова го кажа Никола Мемов, директорот на ПИОМ.
„Во последните 15 години ПИОМ е целосно узурпиран, деградиран и се наоѓа во катастрофална состојба од неколку аспекти. Има и кадровски дисбаланс. Фалијалите во западна Македонија се над 90 отсто пополнети со кадар, а во Битола, Прилеп, Велес, Струга, Штип, Струмица, Гевгелија има помалку од потребниот број на вработени потребни за минимум функционирање на филијалите“ - кажа Мемов.
Тој најави модернизација и трансформација на ПИОМ во насока на поголема транспарентност, а ќе работат на тоа секој што ќе поднесе барање за пензија, да ја добие во рок од 30 дена.
„Само за октомври, од 1 893 барања заостанати од претходните месеци, решени се 2 566 предмети. а активни остануваат уште 2 500 барања“,вели Мемов.
Tweet |