речник контакт

Во Росоман нa спиење синот ја убил мајка си со убоди од нож

Пред година и пол синот бил пријавен за семејно насилство, по што завршил во Психијатриска болница Негорци

Петар Печков

Син  сам се пријавил дека ја убил мајка си во село Росоман, Кавадарчко. Настанот се случил утрово во семејната куќа на ул. Пере Тошев бр.52. Во тој момент таткото и сопруг бил отсутен, бил на работа.

ОЈО Кавадарци отвори истрага, а момчето е осомничено за убиство,   согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, за кое е предвидено казна од 10 години до доживотен затвор.

„Осомничениот со умисла, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената мајка. Додеката жената спиела во една од собите, тој ја прободел со кујнски нож во вратот, нанесувајќи и смртоносни повреди“ – соопштија од ОЈО Кавадарци.

Обвинител побарал обдукција на починатата Сијка а за Игор Р. психијатриско вештачење. Полицијата соопшти дека момчето утрото во 7,30 само се пријавило во полиција. 

„На 30 март околу 07:00 часот во семејниот дом, поради претходно нарушени семејни односи, пријавениот со употреба на остар предмет и нанел убодни рани во пределот на вратот на неговата 54-годишна мајка, која од здобиените повреди починала на местото“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес.  

Во  полицискиот билтен е заведено дека  на 14 август 2023 година таткото на Игор пријавил дека синот  во нивниот дом каде сите тројца живееле, ги нападнал него и сопругата, агресивно се однесувал, кршел предмети. По интервенција на полицијата момчето било пренесено во Кавадаречката болница  а следниот ден по нивно барање бил упатен на лечење во Психијатриска болница Негорци. Во меѓувреме таткото ја повлекол изјавата за семејно насилство извршено од синот.  

Ова е трето убиство во Македонија за шест  дена. Средата на 25 март во Охрид беше убиен сопственик на угостителски објект, во саботата беше пронајден застрелан ловочувар во близина на Виница. 

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »