Петар Печков
Објавено: понеделник, 25 ноември 2019
Македонците од Хрватска и градот Самобор- од Република Хрватска, ја одбележаа 80 годишнината од печатењето на збирката ,,Бели мугри, на Коста Солев. За делото на бесмртниот Рацин во Музејот на градот Самобор зборуваа д-р Славчо Ковиловски и д-р Васил Тоциновски. Потоа во оваа културна институција беше отворена изложба на портрети на Рацин, но и дела за неговиот живот и дело.
Бројните гости положија цвеќе пред бистата на поетот, меѓу нив и вршителот на должност македонски амбасадор во Загреб, Назиф Џафери. Поезија од стиховите на Рацин читаа членови на литературната секција ,,Ленка,, на Македонците од Загреб, како и настап на пеачката група. Стихозбирката ,,Бели мугри,, прва на македонски јазик, отпечатена е на 25 ноември 1939 година, во хрватскиот град Самобор, илегално во печатницата на Јосип Шпулер во четири илјади примероци.
Издавањето на книгата е крупен настан за македонската историја. Во неа се отпечатени ,,Ленка,, ,,Денови,, ,,Тутуноберачите,, ,,Печал,, ,,Копачите,, и уште седум други песни. Оваа врска помеѓу Самобор и Велес, родниот град на Рацин ги спои двата града во блиска врска. Самобор во чест на Велес именува мост по негово име и постави биста во кругот на Градскиот музеј.
Јубилејната 80 годишнина од издавањето на ,,Белите мугри, помина без одбележување во родниот Велес но и во Македонија.
Tweet |